Connect with us

Фудбал

Младиот српски фудбалер исчезна од фудбалската карта откако го купи Манчестер Сити, но затоа Инстаграм „гори“ (ФОТО)

Филип Стевановиќ има само 20 години, а откако се пресели во Манчестер Сити исчезна од сите фудбалски случувања, но затоа „гори“ Инстаграм.

Српскиот фудбалер Филип Стевановиќ блесна во дресот на Партизан и во зимата 2021 година направи трансфер во Манчестер Сити вреден 8,5 милиони евра. Сепак, оттогаш неговата кариера во најдобар случај стагнира, бидејќи секако не доби шанса на „Етихад“ додека не беа успешни позајмиците во Херенвен и Санта Клара.

По сезона во која запиша само 200 минути за Санта Клара, а во екот на разговорите за потенцијално враќање во Партизан, талентираниот Филип Стевановиќ се пофали со луксузот на социјалните мрежи. Во стилот на бројните инфлуенсери, фудбалерот се пофали по пазарувањето во „Луј Витон“, додека на Инстаграм сподели и фотографии на кои се гледа како вози ново Ламборџини додека во преден план е скапиот часовник.

Останува нејасно дали е негов автомобил или изнајмен само за потребите на социјалните мрежи каде Стевановиќ има дури сто илјади следбеници.