Поврзи се со нас

Фудбал

Многу скапа фотографија направена во 1999 година: Гвардиола и момчето кое стана легенда! (ФОТО)

Пеп Гвардиола ги имаше најдобрите тренерски денови на клупата на Барселона кога каталонскиот клуб го однесе на тронот на Европа во два наврати.

Гвардиола донесе вистинска револуција кога ја презеде Барселона, но голема заслуга за тоа имаат играчите на тогашната Барселона, Андрес Иниеста, Чави Хернандез и секако Лео Меси.

На насловната фотографија се Гвардиола и Иниеста. Фотографијата е направена во 1999 година кога Иниеста беше брилијантен на еден од многуте младински турнири.

Пеп во тоа време сè уште беше активен фудбалер, а во меѓувреме стана еден од најдобрите фудбалски тренери во историјата.

Истото може да се каже и за Иниеста. Шпанецот одбележа една ера, тој освои сè што може да се освои во клупскиот и националниот фудбал.

Оправдано се смета за еден од најдобрите играчи за врска.

Денес Гвардиола е тренер на Манчестер Сити, додека Иниеста ужива во фудбалот во Јапонија каде веќе некое време го носи дресот на Висел Коби.

loading...

Facebook