Поврзи се со нас

Други спортови

Многумина чекаа Хабиб да се огласи по терористичкиот напад во Виена

Синоќа се случи терористички напад во центарот на Виена, кој ја шокираше светската јавност, а полицијата потврди дека напаѓачот е по потекло од Албанија.

Тоа е Куртин С., роден во 2000 година и тој е еден од 90-те Австријци на кои им беше забрането да одат во Сирија во јули оваа година. Покрај него, беа убиени уште три лица, а по учесниците во овој напад се трага.

По минатонеделните напади во Ница, се крена голема прашина околу изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека е време да се стави крај на исламскиот радикализам.

Ваквите изјави го налутија Хабиб Нурмагомедов, кој рече дека ваквите изјави го навредуваат секој муслиман затоа што луѓето што вршат вакви напади немаат никаква врска со исламот и тој не смее да ја претставува оваа религија.

Многумина го осудија Хабиб за објавата и стрпливо чекаа да објави за синоќешните напади во Виена. Хабиб објави стори на Инстаграм утрово и многумина веруваат дека има врска со синоќешните настани.

Тој објави фотографија на која се моли на Бога, а за многумина најголемо внимание привлече емоџито што го објави со фотографијата. Сепак, тешко е да се каже дали Хабиб навистина ги коментирал настаните во Виена на тој начин.

loading...

Facebook