Фудбал
„Многумина кажуваа секакви работи, сега се смеам на нив“
Ретки се клубовите кои во своето деби во Лигата на шампионите успеваат да постигнат извонреден резултат. Исклучок е Аталанта.
Аталанта играше во елитното натпреварување за прв пат оваа сезона и беше во можност веднаш да стигне до четвртфиналето, иако стартот не беше ветувачки.
Во првото коло, беа поразени на Максимир од Динамо, по што следуваа поразите од Шахтјор и Манчестер Сити, но со три победи во вториот дел од групната фаза успеаа да ја поминат групата.
Папу Гомез, најдобриот играч на тимот заедно со Јосип Иличиќ, им одговори на сите оние кои ја критикуваа Аталанта со порака дека сега тој е оној кој се смее.
„Тешко е да се каже дали сме изненадени сега што сè запре. После третиот пораз, дадовме 110% и победивме на пет одиграни натпревари во низа.Многумина зборуваа дека не моќеме да играме 3-4-2-1, да играме на снага, дека не можеме да играме во Европа, сега се смеам на нив“, рече Папу.
Аталанта ја имаше Валенсија во осмина финалето за противник и славеше во двата меча со вкупно 8:4.