Фудбал
Моџи и дава совет на Ванда и ја открива одлуката на Јуве
Во интервју за „Дирета Стадио“, поранешниот шеф на Јувентус, Лусијано Моџи зборуваше за иднината на клубот:
„Изјавите на Ванда Нара за иднината на Мауро Икарди? Верувам дека таа не треба да кажува одредени работи затоа што тие не му помагаат на напаѓачот“, рече Моџи.
„Повеќе би сакал да молчи. Размена на Куадрадо-Икарди? Не, јас го исклучувам тоа. Куадрадо ќе остане со Јувентус“.
„Тренер? Сари ќе биде и следната сезона. Клубот така одлучи и наскоро ќе го потврди тоа“.