Фудбал
Модриќ и Ракитиќ аут за натпреварите на Хрватска во Лигата на нации
Златко Далиќ попладнево го објави списокот на играчи кои ќе се борат против Франција и Португалија на натпреварите кои следуваат во рамките на Лигата на нации.
Изненадувачки, од изборот отпаднаа најдобрите фудбалери, капитенот Лука Модриќ и Иван Ракитиќ. Според хрватските медиуми, искусните играчи за врска во договор со селекторот решиле да не играат во првите две кола од натпреварувањето.
Првиот собир на екипата на Далиќ е закажан за в понеделник, а освен Модриќ и Ракитиќ не е повикан ниту стоперот на Волфсбург, Марин Понграчиќ.