Фудбал
Модриќ и Субашиќ ги воодушевија Хрватите со огромни донации во болниците
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ се приклучува на борбата против коронавирусот.
Модриќ реши да и помогне на болницата во родниот Задар со донирање 100.000 евра.
„Станува збор за мобилен RTG уред кој е 787.500 куни (околу 100,000 евра) и ние сме многу благодарни на Лука за оваа донација. Апаратот е потребен само за да им помогне на пациентите со коронавирус и сега очекуваме негова испорака од Соединетите американски држави”, изјави директорот на болницата Жељко Чулин за „Вечерњи лист“.
Спортистите ширум светот им помагаат на своите земји во борбата против коронавирусот, а и sвездата на Реал Мадрид не е исклучок.
Даниел Субашиќ, голманот на Монако и поранешен член на хрватската репрезентација, уплати околу 50.000 евра за Задар и околу 13.000 за болницата во Сплит.