Connect with us

Фудбал

Модриќ ја одби понудата, сака да остане во Реал, но…

Фудбалерот на Реал Мадрид ја одбил понудата на клуб од Катар, пренесуваат шпанските медиуми повикувајќи се на турскиот новинар Екрем Конур.

Катарците му понудија договор на Модриќ, но тој не сакаше да влезе во подлабоки преговори со нив, туку ги одби бидејќи се надева на продолжување на соработката со Реал Мадрид.

Преговорите со кралскиот клуб траат подолго време, но проблемот е што му се нуди значително помала плата од досегашната, која изнесува 12.000.000 евра по сезона.

Играчот од средниот ред неколку пати изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во Реал, но ќе видиме дали на крајот ќе успеат да постигнат договор за продолжување на соработката на уште една година.

Пред само неколку дена шпанскиот „Ас“ објави дека капитенот на хрватската репрезентација има две понуди, едната од клубот од Катар, која очигледно ја одбил, а другата од Јувентус.

 

Реклама

Facebook