Connect with us

Фудбал

Модриќ ја освои “Златната топка”!

Хрватскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Лука Модриќ, е освојувач на “Златната топка” на Франс Фудбал за 2018 година, тврди шпанското радио “Кадена Копе”.

  • Модриќ во понеделник во Париз ќе ја прими наградата и на тој начин ќе го наследи својот поранешен тимски колега, Кристијано Роналдо. Трета година по ред некој фудбалер на Реал (М) ќе ја освои оваа награда, пишуваат Шпанците.

Истиот медиум откри дека Модриќ во Париз ќе пристигне со приватен авион и ќе биде придружуван од претседателот на Реал (М), Флорентино Перез и капитенот на “кралскиот клуб”, Серхио Рамос.

  • Веќе се знае победникот. Најдобриот веќе го доби мојот телефонски повик во кој му кажав дека е најдобар. Тоа е тоа, изјави Главниот и одговорен уредник на Франс Фудбал, Паскал Фере, кој даде ексклузивно интервју за 55 роденден на дневниот весник “ВЕЧЕР”.

Весникот Вечер е единствениот македонски медиум кој е со право на глас кога е во прашање најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – “Златната топка” на Франс Фудбал.