Фудбал
Модриќ може да го напушти Реал ова лето и да направи изненадувачки трансфер
Победникот на Златната топка во 2018 и долгогодишен член на Реал Мадрид би можел да се испроба надвор од Европа, со тоа што медиумите деновиве го поврзуваат со интересно име.
Кога Реал го донесе од Тотенхем за 40 милиони евра во 2012 година, многумина го сметаа за лош потег за „Кралевите“. Сепак, Лука Модриќ ги надмина сите можни очекувања и подоцна прерасна во играч без кого средниот ред на Реал Мадрид беше незамислив во последните години.
Тој беше член на златните сезони кога Реал четири пати ја освои Чигата на шампионите, четири титули на шампиони во светот, три титули на Супер купот на УЕФА и една титула во Лигата, и една титула од Кралскиот Куп.
Сепак, медиумите веќе шпекулираат која би можела да биде следната станица за Модриќ, како една од нив е ДС Јунајтед, тим на американската МЛС лига.
Дресот на ДС Јунајтед неодамна го носеше легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој се врати во Европа, па челниците на клубот решија да донесат уште една суперѕвезда во своите редови.
Оваа шпекулација се заснова на две добри темели на шпанските медиуми. Ова лето на Мордиќ му истекува договорот со „Кралевите“, а тој самиот рече пред две години дека би сакал да се испроба во Соединетите Американски Држави.