Фудбал
Модриќ жали само за една работа по Мароко: „Се што кажавме се покажа“
Хрватските фудбалери со мирно реми 0:0 против Мароко го отворија Светското првенство во Катар . Пламените одиграа цврста, нервозна партија без веројатни шанси на двете страни, па се чини дека ваквата распределба на поени е некако најреален резултат.
Капитенот Лука Модриќ по натпреварот излезе пред медиумите и беше избран за играч на натпреварот.
„Беше тежок натпревар, особено во првиот половина час додека се навикнувавме на условите. После тоа бевме подобриот тим, имавме неколку шанси да постигнеме голови. Како одминува турнирот, мислам дека ќе бидеме подобри. Се надевам дека во следниот натпревар ќе оствариме победа и ќе ја постигнеме првата цел – да ја поминеме групата“.
Недостасуваше само гол
Како би го оцениле Мароко?
„Се што кажавме, се покажа. Тие се силен тим, не можеш да им оставиш простор. Не им дозволивме да се извлечат, добро стоевме во одбрана, немаа шанси. Единствено што ни недостигаше беше гол. , тогаш Мароко ќе мора да се отвори, па ќе ни биде полесно“.
Дали амбициите се поголеми од поминување на групата?
„Не дојдовме овде само за да настапиме. Нашите амбиции се големи, но мораме да одиме чекор по чекор. Разговаравме и во Русија дека првата цел е да ја поминеме групата. Ако го направиме тоа, можеме да направиме многу. Целите се многу поголеми, не е само да ја поминеме групата. Но, тоа е првата цел“.