Фудбал
Моизе Кин веројатно не е ни свесен за тоа каква глупост направи
Младиот напаѓач Моизе Кин донесе танчери во неговиот апартман, направи голема забава, а сетот тоа го сними и го објави на Снапчат.
Кајл Вокер неодамна беше во афера околу организирање на забави во времето на пандемија на коронавирус и карантин, а сега правилата ги прекрши и Кин, кој организираше забава до утринските чсови и не се грижеше за ризикот од инфекција.
Неколку модели присуствуваа на забавата и им танцуваа на мажите во скут, при што Евертон наскоро се огласи и очигледно 20-годишниот напаѓач го чека казна.
„Фудбалскиот клуб Евертон е свесен за инцидентот во кој првотимецот ги игнорираше мерките на Владата и клупските наредби поврзани со пандемија на коронавирус. Клубот изрази големо разочарување од играчот и сака да укаже дека таквото однесување е неприфатливо“, објави Евертон.
Не изостанаа ниту навреда на сметка на Кин од страна на јавноста, која смета дека ароганцијата на млади, успешни и богати спортисти во ова време е неприфатлива.