Connect with us

Тајмаут

Момчето ја „фати“ последната фотографија на Коби Брајант: Утре ќе направиме подобра…

Смртта на Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана го потресе светот.

Sвезда во НБА-лигата го загуби животот во хеликоптерска несреќа, при што уште седуммина загинаа покрај него и неговата ќерка.

Брејди Смигиел, сопственик на веројатно последната фотографија на Коби Брајант. Тој ја направи на Академијата Мамба неколку часа пред смртта на Коби.

Ова момче успеа да го фати Коби на момент, а бидејќи фотографијата не му „испадна“ на најдобар начин, Брејди побара тој да ја повтори фотографијата.

Неговата мајка Дион Рајх Смигиел ги открила зборовите што Коби ги упатил кон нејзиниот син, откако тој побарал да направат нова фотографија:

„Утре ќе направиме подобра“.

За жал, Брајант почина неколку часа подоцна, а малиот Брејди засекогаш ќе го има споменот на легендарниот кошаркар.