Други спортови
Момчето трча „100 на час“: Соборен рекордот на Усеин Болт! (ВИДЕО)
18-годишниот Ерион Кингтон имаше неверојатен настап овој викенд.
Кингтон ја истрча трката на 200 метри со време 19,49 и со тоа стана светски рекордер во јуниорска конкуренција.
Сепак, еден факт е многу поважен. Младиот Американец дополнително успеа да го надмине и јуниорскиот рекорд на Јусеин Болт, кој во 2004 година истрча со време од 19,93.
Атлетската легенда од Јамајка го држеше тој рекорд долги години додека не се појави Најтон и ја разнесе својата конкуренција.
Инаку, во однос на сениорската конкуренција, пред Кингтон има само тројца мажи: Болт (19.19), Јохан Блејк (19.26) и Мајкл Џонсон (19.32).

Бидејќи Кингтон е побрз од Болт во јуниорска конкуренција, многумина предвидуваат дека младиот Американец би можел да ги надмине бројните рекорди на спринтери од Јамајка.