Фудбал
Монако најде замена за Нико Ковач
Француски Монако брзо најде замена за хрватскиот стручњак Нико Ковач.
Имено, Монако ја информираше јавноста дека нов тренер на првиот тим е Белгиецот Филипe Клемент.
Клeмент претходно од клупата ги водеше Гент и Клуб Бриж, а сега го чека нов предизвик.
Три пати беше шампион на таа земја во белгискиот шампионат.
Тој потпиша тригодишен договор.
?? Welcome to ??????, Coach @philippe_clemnt! pic.twitter.com/l5aVQ0h32g
— AS Monaco EN (@AS_Monaco_EN) January 3, 2022
Кога станува збор за Ковач, многумина се на мислење дека разделбата со него од Монако беше на грд начин.
Монако не му се заблагодари ни на Ковач во официјалното соопштение за прекин на соработката, што е навистина реткост.
„АС Монако објавува раскинување на соработката со Нико Ковач. Одлуката му беше соопштена на хрватскиот тренер на состанокот во четвртокот“, напиша тогаш Монако.