Connect with us

Фудбал

„Монструм“ во Барселона! Трансфер вреден пет милиони кој го „тресе“ фудбалскoто тло: Од втората хрватска лига во Каталонија

Микаил Фаје, 19-годишникот со прекар „Монструм“ кој настапува за екипата на Кустошија, е новиот фудбалер на Барселона, кој за него платил дури 5.000.000 евра! Неверојатно стоперот од тимот кој се бори за опстанок во втората хрватска лига ќе го носи дресот на каталонскиот клуб, а тоа го потврди и специјализираниот фудбалски новинар Фабрицио Романо.

Сепак, Барса не е единствениот клуб кој го следеше овој сенегалски репрезентативец. Во игра беа и Челзи и Борусија Дортмунд.

Да потсетиме, Сенегалецот пристигна во Европа како потенцијално засилување од Загреб, објави Телеграф. Но, само тренираше со нив, а потоа потпиша за Кустошија.