Connect with us

Фудбал

„Мораме да го молиме Пандев, да одиме со него и на Светско!“

Поранешниот македонски репрезентативец и легендарен играч на Црвена звезда, Митко Стојковски вели дека овој успех не е случаен.

„Еуфоријата е голема. Медиумите, луѓето на улица и во кафулиња, сите само зборуваат за тоа. Да не беа коронавирусот и полицискиот час, сигурен сум дека народот ќе излезеше на улиците да ги пречека хероите на нацијата. Селекторот Игор Ангеловски направи одлична тактика и оствари голема победа, најголема за нашиот фудбал. Да бидеме јасни, Германија е сепак фаворит за првото место. Но, веруваме дека можеме барем да одиме во баражот, а потоа и на Светското првенство во Катар – рече стрелецот на легендарниот победнички гол на Звезда во 100 вечно дерби“.

Воедно посакува на тој мундијалски пат да биде и нашиот најискусен репрезентативец, Горан Пандев:

„Горан најави дека после Европското првенство ќе ја заврши репрезентативната кариера. Ние мораме да го молиме да остане, да пробаме да одиме на Светско, па потоа нека заврши. Важен е играчки, но и како појава во соблекувалната“.