Connect with us

Фудбал

Морати: Не сум изненаден од настапите на Интер!

Интер ја започна сезоната во Серија А прилично добро, со седум победи и еден пораз во само осум кола. Интер е втор на табелата со само еден бод помалку од водечкиот Јувентус.

Поранешниот претседател Масимо Морати неодамна зборуваше за настапите на Интер и тренерот Конте. Морати за „Спорт Медијасет“ изјави дека воопшто не бил изненаден од ваквите настапи, бидејќи очекувал вакво нешто, знаејќи како работи Конте.

„Воопшто не сум изненаден од настапите на Интер и од тоа како е Конте и како работи. Тој е сериозен тренер и размислува цело време за тимот. Работи многу добро. Верувам дека Интер ќе се бори до крај и ќе даде се од себе. Секако дека Јувентус доаѓа од долга серија на титули и има различен начин на размислување, но Интер исто така покажува дека тие имаат карактер и квалитет потребен за да се борат во првенството“.