Други спортови
Морбидели најдобар на патеката во Арагон
Возачот на Јамаха, Франко Морбидели е победник на трката за Големата награда на Теруела, која се возеше во Арагон.
Италијанецот славеше пред возачот Алекс Ринс, додека лидерот во генералниот пласман, Џоан Мир заврши на третото место.
Ова е втора сезонска победа на Морбидели со која тој се вклучи во борбата за титулата затоа што заостанува 25 бода зад водечкиот Мир.
Мир започна денес како 12, но на крајот тој успеа да се искачи на подиумот и да освои 16 големи поени. Шпанецот досега собра 137 поени.
Второпласираниот Фабио Квартараро денеска беше осми и постигна ист број поени, додека третопласираниот Маверик Вињалес беше седми со еден бод повеќе.
Следната трка ќе се вози во Валенсија на 8 ноември.