Connect with us

Други спортови

Морезмо потврди: Русите и Белорусите ќе играат на Ролан Гарос

Директорот на Ролан Гарос, Амели Морезмо, во четвртокот, говорејќи за француското државно радио, потврди дека руските и белоруските тенисери ќе можат да играат на вториот Грен слем турнир во сезоната. Покрај тоа, таа најави дека ќе бидат можни санкции против играчите кои даваат изјави за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.

Прашањето за учество на руски и белоруски спортисти на натпревари стана глобална тема од почетокот на конфликтите во Украина. Тенисот е всушност еден од ретките спортови во кои Русите и Белорусите сè уште можат да се натпреваруваат индивидуално.

Вимблдон е првиот турнир кој забрани учество на руски и белоруски играчи, а после тоа се постави прашањето каква одлука ќе донесе Ронал Гарос. Беше најавено дека Отвореното првенство на Франција ќе го следи примерот на Вимблдон, но во четвртокот беше потврдено дека тоа нема да биде така.

Во својата изјава Морезмо истакна дека ситуацијата е чувствителна и комплицирана и додаде дека „невозможна е праведна одлука“.

„Многу е комплицирано, и ми се чини дека беше невозможно да се донесе правична одлука. Ние се држиме до она што европските, па дури и светските влади го решија во март. На руските и на белоруските тимови им е забрането да се натпреваруваат, но не и на поединечни спортисти се додека се однесуваат неутрално. И ние строго ќе се придржуваме до тоа“, изјави Морезмо.

„Ако некој од нив даде изјави во медиумите кои се толкуваат како поддршка за Владимир Путин, сигурно ќе има санкција“, заклучи првата сопруга на Ролан Гарос.

Вториот Грен слем турнир во сезоната започнува на 22 мај.

Реклама

Facebook