Поврзи се со нас

Други спортови

Мото ГП доби нов шампион!

Шпанскиот мотоциклист Жоан Мир е новиот светски шампион во класата Мото ГП.

Возачот на Сузуки ја заврши трката во Валенсија на седмото место, но тоа му беше доволно за да стане шампион во кралската класа.

Мир стигна до светската титула на нешто неверојатен начин бидејќи имаше само една победа во сезоната, а тоа беше минатата недела во Валенсија.

Патем, ова е прва титула на Сузуки од 2000 година кога Кени Робертс беше најдобар.

Во Валенсија победата ја однесе Франко Морбидели од Јамаха, додека Џек Милер и Пол Еспаргаро завршија на подиумот.

Останува уште една трка до крајот на сезоната која се вози следниот викенд на патеката Алгарве во Португалија.

loading...

Facebook