Фудбал
Може да игра каде сака, а татко му му вели дека не е светска класа, не му дозволува ни да се жени
Кога си светски познат фудбалер, тогаш тоа со себе носи малку поинаков начин на живот од вообичаеното, пред се се однесува на луксуз поради огромната заработка.
Во светот на модерниот фудбал, постојат играчи кои ги уриваат предрасудите и се уште се држат до традицијата без разлика што можат да имаат што и да посакаат, барем кога се работи за материјалните работи.
Хеунг-мин Сон, заедно со уште неколку фудбалери, е веројатно најскромниот играч. За него доволно говори и фактот што и на 29 години живее со родителите.
Сон беше најдобар стрелец во ПЛ со 23 гола минатата сезона. Тоа досега не му успеало на ниту еден азиски фудбалер. Ѕвездата на Тотенхем игра одлично од сезона во сезона и може да игра практично во секој клуб во светот, поточно во подобри тимови од лондонските петли.
Сепак, и покрај тоа што го краси репутација на играч од светска класа, Сон Вунг-јунг има сосема поинакво мислење за својот син.
„Мора уште да работи и да напредува. Ако е задоволен од постигнатото. Тогаш кризата е на пат. Тој секогаш мора да биде подобар и во најдобра форма.
„Тој треба да може да игра забележителна улога во еден од најдобрите светски клубови. Тогаш ќе стане играч од светска класа. Мора да напредува 10% во сè. Мора да се соочи со се внимателно и не смее да биде премногу горд.”

Инаку, Вунг-јунг, кој некогаш беше просечен фудбалер, делува сериозен и изгледа тешко да го насмееш.
Синот Јуниор многу ги почитува и ги цени своите родители и сè уште слуша што му кажуваат. Татко му не му дозволува ниту да се ожени додека не ја заврши кариерата.
„Татко ми ми даде совет и се согласувам со него. „Кога ќе се ожениш, прво ќе ти биде семејството, па сопругата и децата, па дури потоа ќе размислуваш за фудбалот“, ми рече татко ми“, изјави ѕвездата на Тотенхем пред неколку години.
Денес, Сон е еден од најомилените фудбалери во светот. Неговата вредност се проценува на 80 милиони евра. Среќа што го има во своите редови Тотенхем кој го донесе од Баер Леверкузен пред седум години.
Инаку, Сон се уште нема престижен трофеј во кариерата. Од доаѓањето на Антонио Конте, Тотенхем изгледа одлично, а останува да се види дали одличниот Кореец конечно ќе крене некој трофеј во воздух.