Фудбал
Можен ли е пресврт и Меси да остане?!
Вчерашниот состанок помеѓу Жозеп Бартомеу и Хорхе Меси, татко на ѕвездата на Барселона и негов агент заврши без конечен епилог. Бартомеу предлага Меси да остане, дури понудил и нов побогат договор, но не попуштаат во намерата да го пуштат „Волшебникот“ да замине без обештетување, кое изнесува 700 милиони евра
Од друга стрна, Меси силно сака да замине, па преку неговиот татко предложил пријателска разделба и раскин на договорот.
Со оглед на тоа дека никој нема да го плати обештетувањето од 700 милиони евра, TyC Sports објави дека постојат шанси Лионел Меси да остане во Барселона и следната сезона, да го одработи договорот до крај, а потоа како слободен играч да замине од каталонскиот тим
Најавена е нова рунда на преговори, по која веројатно ќе бидат појасни работите.