Connect with us

Фудбал

Можеше скапо да го чини ова шпанскиот фудбалер (ВИДЕО)

Фудбалерот на Бешикташ, Франциско Монтеро (23) денеска доживеа сообраќајна несреќа во Истанбул. Шпанскиот дефанзивец, кој две години е член на гигантот од Истанбул, учествуваше во верижен судир и за среќа помина без повреди.

„Ви благодарам на сите за пораките за поддршка. Се е во ред, јас сум добро, настрада само автомонилот“, изјави Монтеро, кој бил зад воланот на луксузното Volvo. Исто така, без повредени поминале и другите учесници во несреќата, но причинета е голема материјална штета на автомобилите.

Се појави и видео од несреќата. Се гледа дека еден автомобил застанал на патот, а потоа се гледа моментот на два судири.

Франциско Монтеро кариерата ја започна во Атлетико Мадрид. За првиот тим на Јорганџиите одигра 14 натпревари, но бидејќи не добиваше премногу простор, реши да го напушти клубот во 2019 година.

Тој помина една сезона на позајмица во Депортиво де Ла Коруња, пред да пристигне во Бешикташ, кој го откупи неговиот договор минатата година.

За црно-белите од Истанбул Монтеро одигра 37 натпревари и постигна два гола.