Connect with us

Кошарка

„Можев да одам во некоја одлична екипа и да го освојам прстенот, но го избрав потешкиот начин“

Милвоки Бакс ја освои НБА-титулата и до неа ги водеше неверојатниот грчки кошаркар Јанис Антетокумбо.

Со 50 поени и 14 скока на шестиот натпревар од финалето против Феникс Санс, тој го предводеше својот тим до победата и шампионската титула по 50 години чекање.

Baкс уште во 2014 година вети дека нема да си замине се додека не ја освои титулата со Бакс. Тој не го прекрши ветувањето.

„Не можев да заминам. Остана незавршена работа. Сакав да ја завршам работата тука“, рече Јанис и продолжи:

„Можев да одам во некој голем тим и само да го направам својот дел од работата и да го освојам прстенот. Сепак, ова е потешкиот начин да го сториме тоа и го избравме тој пат. Успеавме“, рече Јанис.

Неверојатниот грчки кошаркар ја заврши сезоната со нереални просеци од 28,1 поен, 11 скока и пет асистенции по натпревар.