Connect with us

Фудбал

Можно е да се пензионирам

Францускиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Кингсли Коман, го шокираше фудбалскиот свет со изјавата дека е можно да се пензионира иако има само 22 години.

  • Кога поради повреда морав да го пропуштам Мундијалот, ми се урна целиот свет. Сега гледам од друга перспектива, малите работи ме прават среќни. Се надевам дека ќе се опоравам и еден ден ќе заиграм на СП, но ако се повредам повторно и морам да одам на трета операција, не верувам дека би се одлучил за такво нешто. Тоа би било премногу, бидејќи тогаш мојата нога дефинитивно повеќе не би била за фудбал и јас би живеел без него, изјави Коман.