Connect with us

Фудбал

Мртов сум, мртов…Досега невидено видео од соблекувалната на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Една година по чудесната елиминација на Челзи во Лигата на шампионите, Реал Мадрид објави досега невидено видео од тренерот Карло Анчелоти по антологискиот натпревар во Мадрид.

Познатиот италијански стручњак минатата сезона на импресивен начин го предводеше кралскиот клуб до титулата европски првак.

Ретко кој им даде шанса на Мадрид за трофејот, но популарните Кралеви блеснаа во нокаут фазата и по неверојатните пресврти успеаја да ја освојат 14-та титула во историјата.

На спектакуларен начин успеаја да ги исфрлат Пари Сен Жермен, Челзи, Манчестер Сити и на крајот во големото финале да го совладаат моќниот Ливерпул.

Беше особено возбудливо на реваншот против Челзи во четврт-финалето. На првиот меч во Лондон, Реал победи со 3:1 и се чинеше дека ја заврши работата, сепак, Челзи направи чудо во Мадрид. Сините водеа со 3:0, но Родриго успеа да погоди во продолжението во кое Бензема постигна гол за 3:2.

Една година по неверојатниот натпревар, Реал објави видео од Анчелоти од соблекувалната по оваа крајно драматична игра.

Искусниот Италијанец беше тотално погубен по големата драма.

„Мртов сум, мртов“, повтори видно вознемирениот Анчелоти.

„Ако не умрам вечерва, јас сум бесмртен“, додаде Италијанецот.