Connect with us

Фудбал

Му даде гол на Милан, а потоа плачеше како мало дете, причина момент од пред 7 години (ВИДЕО)

Мануел Локатели беше стрелец на единствениот гол за Јувентус во победата од 0:1 на „Сан Сиро“. Откако судијата означи крај, Локатели почна да плаче како мало дете.

Причина за тоа е што тој потекнува од фудбалската школа на Милан. А, судбината се поигра и сакаше токму тој да биде стрелец на единствениот гол против Милан. Веднаш потоа, самиот тој, но и медиумите во Италија се присетија на 22 октомври, ист ден кога играа овие две екипи. Тогаш Милан славеше со идентични 1:0, а стрелец на единствениот гол беше токму Локатели, но во дресот на „Росонерите“.