Фудбал
Му дадов гол, а потоа се уби-Срамно, па како може да зборува вакви работи, поранешната ѕвезда на Барселона, Интер и Јувентус претера (ВИДЕО)
Познатиот чилеански фудбалер Артуро Видал (36) е познат по многу контроверзии надвор од теренот, а уште еднаш покажа дека „јазикот му е побрз од умот“. За време на разговорот на платформата „Твич“, Видал даде крајно грд коментар за поранешниот германски голман Роберт Енке, кој се самоуби во 2009 година поради депресија и не мислеше дека направил ништо лошо, што само ги налути фудбалските фанови.
arturo vidal pic.twitter.com/a7xk7wgw0E
— Mengão Rage Comics (@mengaorcomics) August 22, 2023
„Да, тоа беше мојот прв гол во Европа за Баер…“, изјави Артуро Видал коментирајќи го голот што го постигна против Енке на мечот меѓу Хановер и Баер, но не застана тука и без никаков вкус потоа додаде: „ Еј, тој голман после тоа падна во депресија и се самоуби“.
Тонот со кој Артуро Видал го опиша Енке беше многу несоодветен и затоа навивачите бараат извинување од Чилеанецот, но ако се знае што правел во кариерата – тешко дека тоа ќе се случи. Видал летово стана член на бразилскиот Атлетико Паранаенсе, а претходно играше за Коло Коло, Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона, Интер и Фламенго. Освои практично се освен Лигата на шампионите, додека со Чиле има и два купа на Копа Америка.