Connect with us

Тајмаут

Му покажаа на Tоти што му прави поранешната сопруга среде натпревар! Цела Италија бруи за неверството: Сите ми кажаа за тоа!

Поранешниот италијански фудбалер Франческо Тоти беше изневерен од сопругата Илари Блази. Се разведоа по 17 години брак од кој имаат три деца, а по драмата што ја следеше цела Италија – двајцата се во очајни односи. Така се сретнаа Франческо Тоти и Илари Блази на натпреварот помеѓу младинските екипи на Рома и Фросиноне каде го гледаа синот Кристијан, но иако одигра добар натпревар, сепак не беше во прв план на очите на неговите родители. Додека Тоти го следеше натпреварот, негова пријателка му го покажа телефонот на кој имаше објава на Илари Блази на Инстаграм, токму од натпреварот помеѓу Рома и Фросиноне. Камерите ја уловија и неговата реакција која кажува се, а се чини дека тоа што го објави Илари не и се допадна ниту на неговата нова девојка Ноеми Бочка.