Connect with us

Тајмаут

Му пропадна фудбалската кариера, ама случајно дознал дека е принц, наследи остров, но тоа не е се! (ВИДЕО)

Шпанскиот фудбалер Жорди Амат (30) имаше многу просечна кариера бидејќи играше за Еспањол, Рајо Ваљекано, Бетис и Еупен, а можеби најголем впечаток остави носејќи го дресот на Свонси од 2013 до 2017 година. Денес, тешко дека ќе погодите дека игра за малезискиот клуб Јахор ДТ, а уште помалку дека во меѓувреме го променил државјанството и животот наеднаш му се превртел наопаку!

Жорди Амат е репрезентативец на Индонезија од крајот на минатата година, а не станува збор за „платено државјанство“, но верувале или не, дури сега ја искористи можноста поради неговата баба. Амат е роден на периферијата на Барселона, неговите родители се од Каталонија, но неговата баба е од островот Сиау во Индонезија (околу 20 илјади жители, 160 км2). И тоа не е било која Индонезијка, туку фудбалерот откри дека е натамошен потомок на индонезискиот крал. Неговата баба била принцезата на островот Сиау, кој го поседува неговото семејство, додека неговиот прадедо бил владетел на поголемиот дел од индонезискиот архипелаг.

Фудбалерот до ова откритие дошол сосема случајно и тоа го прави сега принц, а откако станал државјанин на Индонезија – во исто време и репрезентативец на оваа земја во фудбал (веќе одигра четири натпревари), нема пречки да биде официјално именуван со нов наслов.

“Знаев дека постои можност да добијам индонезиски документи поради баба ми, а тоа секогаш ми беше интересно поради нејзините приказни. Бев пресреќен кога станав индонезиски државјанин. Знам дека за некои мои колеги, процесот траеше седум години“, изјави Жорди Амат, за кого нема да биде изненадување ако престане да игра фудбал по ова откритие.

Сепак, Амат засега тврди дека неговиот живот нема многу да се промени, но веќе вети дека ќе работи на подобрување на условите на индонезискиот остров и финансиски помош на луѓето.