Connect with us

Кошарка

Му пукна филмот: Бен Симонс побарал трејд

Одличниот плејмејкер беше мета на критики по уште една неуспешна година, која тимот ја остави зад себе. Првиот избор на НБА драфтот во 2016 година, Бен Симонс повеќе не сака да игра за Филаделфија, пренесуваат американските медиуми.

Според локалниот весник, Симонс имал средба со управата на Филаделфија вклучувајќи го и претседателот на кошаркарски операции Дерил Мори, генералниот менаџер Елтон Бренд и тренерот Док Риверс на која им рекол дека повеќе не сака да биде дел од тимот на сиксерс.

Тренерот Док Риверс не застана во негова одбрана, додека соиграчот Џоел Ембид го обвини за поразот во шестиот меч од серијата.

Севентисиксерси очекуваат Симонс да се појави на подготовките на 28.септември, меѓутоа кошаркарот има поинакви планови.