Фудбал
Му украл 17 скапи часовници вредни половина милион евра- Уапасен Србин кој го ограбил познатиот фудбалер!
Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер (33) беше ограбен во септември минатата година, а речиси една година подоцна, еден од разбојниците беше уапсен. Германскиот „Билд“ пренесува дека тој е Србин роден во Италија и дека е уапсен во Лисабон (Португалија). Се очекува наскоро да им биде предаден на германските власти и таму да му се суди. Сето тоа се случи на 13 септември, додека Милер играше со тимот против Барселона на Алијанц Арената. За тоа време, провалници упаднале во неговата куќа во близина на Мајсбах и украле накит, разни вредни предмети и дури 17 часовници вредни околу 500.000 евра. Земале и пари и некои други работи. Србинот „падна“ во Португалија и очигледно не е единствениот.
Според споменатиот весник, полицијата смета дека тој не бил сам, а според извештаите кои биле направени ноќта на грабежот, се наведува дека „најмалку две лица по злосторството побегнале низ градината во темница. “ Инаку, сето ова се случи на роденденот на Милер, бидејќи тој наполни 33 години на 13 септември.