Други спортови
Мугуруза: Не сум фаворитка против Шарапова
Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза не се смета за фаворитка на мечот со Марија Шарапова и покрај тоа што таа е трета носителка, а Русинката 28-ма.
Мугуруза и Шарапова ќе играат во четвртфиналето од Грен слемот Ролан Гарос попладне од 14 часот.
– Марија прикажува одлични игри. Таа е силна и агресивна на теренот. Ќе биде тешко. Очекувам интересен меч. Во никој случај не сум фаворитка и покрај рангирањето пред почетокот на турнирот, изјави Мугуруза.
Досега двете тенисерки одиграле три меѓусебни меча и сите ги доби Шарапова.