Фудбал
Мундо Депортиво: Барселона најде нов напаѓач
Барселона сè уште бара нов напаѓач, но потрагата изгледа дека е на крајот.
Каталонскиот клуб доби дозвола од Ла Лига да донесе нов напаѓач и покрај тоа што рокот за ттрансфери е завршен пред повеќе од две недели. Откако се потврди дека Оусмане Дембеле е сериозно повреден според правилата, на Барса му е дозволено да донесе уште едно засилување по преодниот рок.
Потрагата по нов напаѓач трае околу десетина дена, при што неколку играчи се поврзуваа со Барселона. Добро е познато дека Барса може да донесе само играч кој моментално игра во Шпанија и затоа изборот не е баш нешто.
Но, Мундо Депортиво утрово известува дека потрагата е конечно завршена и изгледа дека Барса пронашла нов напаѓач. Станува збор за Мартин Брајтвајт кој игра за Леганес во моментов.
Браитваит досега има одиграно 24 натпревари оваа сезона за Леганес и има постигнато шест гола, а трансферот треба да изнесува околу седум милиони евра.
28-годишниот напаѓач исто така играше и за Есбјерг, Тулуз, Мидлсборо и Бордо.