Connect with us

Фудбал

Мурињо го растажува едно прашање: Моментално станувам депресивен, немојте за тоа …

Голем проблем за Jозе Мурињо секако е повредата на одличниот Хари Кејн.

Поточно, Тотенхем пред неколку дена објави дека Кејн ќе мора да биде подложен на операција по повредата здобиена на 1 јануари.

Одличниот напаѓач ја повреди задната ложа за време на натпреварот против Саутемптон и има многу подолга пауза од очекуваното.

По прегледот од специјалист, заклучено е дека Кејн ќе мора да биде опериран и ќе паузира околу три месеци.

“Кога зборуваме за него, јас се чувствувам депресивен. Потоа ќе кажите дека сум депресивен. Подобро да зборуваме за работи што можат да ме насмеат”, рече Мурињо.

Оваа сезона, одличниот напаѓач игра на високо ниво.

„Јасно е дека без него не можеме да играме како што вообичаено би работеле“, кажа Мурињо

Тотенхем денеска ќе го пречека Ливерпул. Натпреварот се игра од 18:30 часот.