Connect with us

Фудбал

Мурињо: Ако го нема Роналдо, би било невозможно Португалија да го освои светското првенство

Љубителите на најважната споредна работа на светот со нетрпение го очекуваат почетокот на Светското првенство во Русија, кое ќе започне отприлика за месец дена.

Сезоните во речиси сите лиги завршуваат во следните неколку недели, а потоа почнуваат последните припреми за Светското првенство во Русија. Во интервју за англиските медиуми, тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека Шпанија е најголем фаворит според него.

„Верувам дека Шпанија повторно е вистински тим. Тие се способни за голем подвиг со својата игра што повторно е на ниво. Јас ќе кажам дека Шпанците се во најдобра форма што се однесува до европските селекции. Ќе видиме што ќе биде, сигурно е дека ќе биде возбудливо како и секој пат“, рече Мурињо, па се осврна на Португалија:

„Португалија има многу интересна екипа. Без Роналдо, ќе биде невозможно да го освоиме Светското првенство, но кога го имаме во тимот, тогаш се е можно. Истото е и со Аргентина, којa без Меси би била само еден просечен тим, а со него се фаворити. Не смееме да заборавиме на Бразил која изгледа многу поспремно од било кога“.