Connect with us

Фудбал

Мурињо беше единствениот проблем на Погба

Пет победи на последните пет натпревари забележа Манчестер Јунајтед откако во менаџерското столче седна норвешкиот стручњак, Оле Гунар Солскер. Со заминувањето на контроверзниот Жозе Мурињо, играчите повторно дишат мирно, а таквата констатација е најприметлива кај францускиот интернационалец Пол Погба кој беше во тивка војна со “специјалниот”.

Дека постоела голема нетрпеливост помеѓу Погба и Мурињо, потврди и братот на одличниот играч за врска, Матијас.

  • Мурињо беше тој кој беше единствениот проблем. Жозе и понатаму сака да е во центарот на јавноста. Беше проблем и во соблекувалната, како и надвор од стадионот. Погба е таков и побара само да биде почитуван. Ако е почитуван, тогаш игра добро. Мора да ми верувате, мора да добие шанса, ќе одигра одлично, изјави Матијас.

Под водство на Солскер, Погба има статус на стандарден првотимец, а на последните пет натпревари постигна неколку погодоци и запиша три асистенции.