Фудбал
Мурињо: Четвртото место со ваков Тотенхем би било резултатот на мојата кариера
Жозе Мурињо има огромни проблеми со повредите на фудбалерите уште од преземањето на Тотенхем.
Ова посебно се однесува за напаѓачкиот дел од тимот. Најпрво го загуби Хари Кејн, а потоа изгуби уште една ѕвезда, Сон Хјунг-мин, па не е ни чудо што Спарси имаат огромни проблеми со реализацијата.
Таквиот Тотенхем ќе се бори за четвртото место до крајот на сезоната, а „Специјалниот“ тврди дека оваа позиција би била негово најголемо достигнување во кариерата.
„Дали местото меѓу најдобрите четири екипи на крајот на сезоната би бил резултат на мојата кариера? Да. Во ваква ситуација, дефинитивно“, рече Мурињо.
Мурињо исто така се пожали на жестокиот распоред што го има неговиот тим.Меѓутоа, ништо немоќе да направи во овој случај бидејќи утре неговиот тим игра против Челси.