Connect with us

Фудбал

Мурињо: Дали ќе се откажеме или ќе се бориме? Секако дека ќе се бориме

Тотенхем утре домашен терен го игра против Лајпциг првиот натпревар од осмото финале во Лигата на шампионите.

Пред утрешниот натпревар, Жозе Мурињо ја дозна лошата вест бидејќи нема да може да смета на својот најдобар играч, Сон Хунг-Мин. Поточно, Сон ја повредил десната рака и ќе мора да биде подложен на операција што ќе предизвика да биде надвор од теренот околу еден месец.

Ова е многу лоша вест за Тотенхем со оглед на тоа што Сон беше во одлична форма. Сигурно е дека екипата на Мурињо ќе биде ослабена утре, но сепак се фаворити против Лајпциг.

Мурињо изјави за официјалната веб-страница на Тотенхем дека повредата на Сон го фатила во незгоден момент, но рече дека неговиот тим нема да се повлече.

„Срцата ни се скршени, но ние ќе се опоравиме. Дали ќе се откажеме сега или ќе се бориме? Секако дека ќе се бориме“, рече Мурињо.