Фудбал
Мурињо доби едно засилување, второто е на пат
Стивен Бергвијн е новото засилување на Тотенхем. Тој доаѓа од ПСВ Ајндховен, има 22 години, игра на позицијата крилен напаѓач и важи за еден од најголемите холандски таленти. Според информациите англискиот тим за него ќе плати 30 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.
Најавите од Англија се дека и Оливие Жиру наскоро ќе се приклучи на Тотенхем. Тој е играч на Челзи, но кај Лампард не добива минутажа, па откако пропадна трансферот во Интер, ќе заврши кај Мурињо.
Првиот напаѓач Хари Кејн е повреден на подолго време, па на Тотенхем му треба напаѓач.