Фудбал
Мурињо: Емотивен сум, но не сум луд, судијата е од Торино, а следен меч играме со Јувентус, не сакам да помислам што е причината!
Жозе Мурињо од трибините го проследи второто полувреме на натпреварот помеѓу Кремонезе и Рома, бидејќи на почетокот на вториот дел доби црвен картон.
По натпреварот Португалецот не сакаше да открие зошто толку му се налутил на четвртиот судија Марко Сера.
„Емотивен сум, но не сум луд. Ако реагирам така, тогаш мора прво нешто да се случило. Треба да сфатам дали можам да го тужам Сера. Ми даде црвен картон затоа што за жал четвртиот судија нема капацитет да сфати што ми кажа. Сакам да видам дали има снимка. Не сакам да навлегувам во тоа дека Сера е од Торино, а на следниот натпревар играме со Јувентус. Тоа беше првпат четвртиот судија така да ми се обрати. Пичинини ми рече да се извинам на Сера. Му кажав на Сера дека треба да биде храбар и да објасни што кажа, но тој имаше проблем со меморијата“, изјави Мурињо.
Повторно, Кремонезе беше фатален за Рома. Прво ги совлада во купот на Олимпискиот стадион, а сега и во првенството на стадионот „Џовани Зини“.