Фудбал
Мурињо го чека јануарскиот трансфер период, еве ја првата желба на „Специјалниот“!
Jозе Мурињо веќе е надлежен за Тотенхем, со тоа што Португалецот се обидува да го извади тимот од кризата и да се обиде со чудото да стигне до ЛШ.
Шампионатот е долг, поминаа само 12 кола и ова е една од причините што Мурињо е уверен дека може да го стори тоа. Исто така, јануарскиот трансфер период е пред него и може да има некои промени во тимот.

Според неодамнешните извештаи во англиските медиуми, откриена е првата желба на Мурињо за јануари. Станува збор за Бруно Фернандес. Португалецот одлично се снајде во Спортинг.
Спортинг за него бара најмалку 45 милиони евра да го ослободи и во јануари Тотенхем ќе се обиде да ја задоволи желбата на Мурињо.