Connect with us

Фудбал

Мурињо го носи неговиот сонародник од Интер, Мата повторно жртва

Манчестер Јунајтед и Интер Милан се подготвени да се договорат пред почетокот на зимскиот преоден рок за сензационална трампа.

Како што најавуваат медиумите на Островот, Жозе Мурињо е подготвен да го испрати Шпанецот Хуан Мата во италијанскиот Интер, доколку за возврат го добие португалскиот интернационалец Жоао Марио.

Мата се почесто е на клупата за резерви во составот на „црвените ѓаволи“, Шпанецот би сакал да се наметне кај селекторот Хулен Лопетеги за настап на Светското првенство во Русија па токму затоа и би заминал во Интер, за да се докаже за место во селекцијата на Шпанија во пресрет на мундијалот.