Фудбал
Мурињо го сака напаѓачот на Милан во Тотенхем
Тотенхем има проблеми во нападот, поради повредата на Хари Кејн, кој се очекува да биде надвор од терените шест месеци.
Според англискиот „Телеграф“ Жозе Мурињо бара замена, а еден од кандидатите е Андре Силва кој настапува за Ајнтрах Франкфурт, но е во сопственост на Милан.
Силва и Мурињо имаат ист агент, па затоа не би било премногу тешка зделка за тренерот на Тотенхем.
Сепак, Франкфурт не сака да се откаже од напаѓачот, освен тоа, тој играше за два клуба оваа сезона, Милан и Франкфурт, па трансферот може да се финализира само во текот на летото.