Connect with us

Фудбал

Мурињо го враќа Деле Али во тимот

Лондон, 23 септември 2020 (МИА) – Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека играчот за врска Деле Али се враќа во групата на тимот за гостување кај Шкендија од третото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Англискиот репрезентативец ги пропушти последните два меча на „петлите“ – победите со 2:1 над Локомотив Пловдив во Лигата на Европа и со 5:2 над Саутемптон за шампионатот, откако на паузата беше заменет во поразот од Евертон од 0:1 на почетокот од кампања во Премиер лигата. Ова доведе до шпекулации дека односите меѓу Мурињо и Али не се добри и тој ќе го напушти клубот додека не се затвори преодниот рок.

– Деле ќе патува со нас. Отсекогаш сум велел дека ќе добие шанса. Ќе дојде и ќе има можност да се претстави. Важно е како го прави тоа. Важно е сите играчи да се претстават на ниво, објасни Мурињо.

Екипата на Тотенхем ќе пристигне денеска во Северна Македонија, каде во четврток ќе гостува на Шкендија во Скопје.