Фудбал
Мурињо има понуда од 100 милиони евра за две години, дали е доволно да каже ДА?!
Саудискиот Ал Наср денеска го смени тренерот, Руди Гарсија, а моментално е во потрага по нов, а како главен кандидат се споменува шефот на стручниот штаб на Рома, Жозе Мурињо. Гарсија не беше во добри односи со Кристијано Роналдо и беше јасно дека се чека само една „грешка“ да биде заменет, а во овој случај тоа беше нерешено 0:0 со Ал Фајх.
Не е тајна дека Ал Наср сака да привлече големи светски имиња во своите редови, за што е подготвен добро да плати. Како што пренесува шпански „Ас“, на Мурињо му биле понудени дури 100 милиони евра за двегодишна соработка со клубот.