Фудбал
Мурињо, изненади со изјавата за јануари
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека неговиот состав нема да биде како „големите“ тимови на Европа, кои трошат милиони евра. Португалскиот тренер вели дека нема да направи големи набавки во јануари.
„Сега сум тренер на Тотенхем, го знам профилот на клубот, го знам неговиот проект и визија, неговите цели и исто така знам дека нема да правиме големи набавки во јануарскиот преоден рок“, рече Мурињо.
„ Имаме некои играчи на кои ќе се прилагодиме правилно. Никогаш нема да бидеме „кралевите на пазарот“, нема да имаме големи играчи на мета и нема да сме во дуел со другите клубови. Интелигентно ќе дејствуваме. Среќен сум со играчите што ги имам“, рече Мурињо.