Фудбал
Мурињо ја одби првата понуда
Откако пред само неколку недели доби шут – карта од најтрофејниот клуб во Англија Манчестер Јунајтед, португалскиот стручњак Жозе Мурињо ја одбил понудата да ја преземе Бенфика, која неодамна го отпушти Руи Виторија и е во потрага по шеф на стручниот штаб.

Мурињо евидентно е дека не сака да се врати и да работи во татковината, па затоа експресно ја одби првата понуда која пристигна на негова адреса. Иако најтрофејниот португалски клуб имаше намера да му понуди плата која никогаш никому не му понудила, сепак „специјалниот“ има сосема други планови.
Мурињо во својата тренерска кариера кратко ја предводеше Бенфика во 2000 година, но заради недоразбирања со управата веднаш си замина.