Connect with us

Фудбал

Мурињо ја плаши англиската јавност со вестите за опоравувањето на Кејн: „Никогаш не знаете …“

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн веројатно ја заврши оваа сезона, откако мораше да биде операна тетивата на левото колено.

Тотенхем потврди дека операцијата поминала добро, и дека Кејн треба да се врати на терените на крајот на сезоната. Неговото закрепнување се очекува во април, но во случај да помине без дополнителни проблеми.

Сепак, Жозе Мурињо малку ја исплаши англиската јавност велејќи дека не е сигурен дека Кејн воопшто ќе игра до крајот на сезоната. Ова е лоша вест за Англичаните со оглед дека Европското првенство се игра во текот на летото и дека Кејн е важна алка во репрезентацијата на Англија.

„Се очекува тој да се врати кон средината на април, но со вакви повреди никогаш не знаете. Можеби ќе се врати на крајот на април или мај, но може и да не го гледаме до следната сезона. Сега е тешко да се каже нешто за таа тема“, рече Мурињо.

Но, англиската јавност се надева дека закрепнувањето на Кејн ќе оди според планот и дека тој ќе се врати на терените во април за да може да биде во форма пред почетокот на Европското првенство.